Реал се договори со еден од јунаците за титулата во ЛШ, останува до 2028 година со антишеик клаузула од една милијарди евра

Родриго Силва дер Гоес останува во Реал Мадрид со нов договор што ќе важи до 2028 година, а ќе биде потпишан следната седмица со неверојатна и многу интересна клаузула.

Ја нарекоа антишеик клаузула и ќе вреди една милијарди евра за да може Реал да се одбрани од предвремено заминување на Бразилецот во некој од клубовите што имаат богати сопственици од арапските земји.

Родриго беше еден од јунаците на Реал Мадрид во спектакуларниот поход кон 14-тата титула во Лигата на шампионите и е стрелец на пет гола во нокаут-фазата.

Двата што ги постигна за Кралевите во реванш полуфиналето против Манчестер сити во 90-тата и во 91-вата минута беа веројатно и клучните за да се освои нов пехар, кој заврши во пребогатата колекција на најтрофејниот европски клуб.

Бразилецот има 21 година, а во 2019 година од Сантос дојде во Реал Мадрид во трансфер што чинеше 45 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести