Реал се фокусира на тројца напаѓачи, еден треба да заврши на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид сезонава има големи проблеми во нападот. Во последниве десетина години реализацијата на Кралскиот клуб не била послаба. Една од главните причини е заминувањето на Кристијано Роналдо, кој едноставно беше „машина за голови“. Реал дефинитивно мора да најде соодветна замена за Роналдо, а според прогнозите, тоа ќе се случи во јануарскиот преоден рок.

Шпанскиот весник „Ас“ тврди дека во опција се три имиња кои се во план да дојдат на „Сантијаго Бернабеу“. Прва и главна цел е доведувањето на Мауро Икарди. Капитенот на Интер уште пред почетокот на сезоната беше во фокусот на Кралскиот клуб. Доколку не успее да го доведе Икарди, во план е и голгетерот на Џенова, Полјакот Кжиштоф Пјонтек. Токму Пјонтек е прв стрелец во Серија А, со гол повеќе од Роналдо.

Последна и најмалку веројатна опција е Бразилецот Родриго. Тинејџерот кој има само 18 години и игра за Сантос веќе има потпишано договор со Реал, но дури по завршувањето на сезоната треба да дојде на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, доколку не се подобри реализацијата на Реал, можно е бразилслиот тинејџер уште овој месец да дојде во Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести