Реал се крсти во Каземиро и разбранетиот Куртоа (видео)

Реал Мадрид на тежок начин се избори за минималната победа од 1-0 на гостувањето кај Валјадолид и дојде на само три бода заостаток во однос на лидерот Атлетико Мадрид во шпанското првенство.

Тибо Куртоа правеше чуда пред својот гол, оствари неколку одлични интервенции и ги спречи домаќините да ја затресат неговата мрежа, се чекаше моментот Каземиро да го реши мечот.

https://twitter.com/LaLigaEN/status/1363225021808840708

Се играше 65-тата минута кога Кралевите имаа прилика да се заканат од прекин, а точното нафрлување на Крос стигна до главата на Бразилецот, кој го заби својот шести погодок за оваа сезона и стана втор стрелец на екипата зад Карим Бензема.

Во првото полувреме Реал на двапати стигна до голот на Валјадолид, меѓутоа погодоците на Маријано беа поништени поради офсајд позиции.

- Оглас -

Најнови вести