Реал со Азар ќе го урива рекордот на Роналдо

Реал Мадрид прави сè за промоцијата на Еден Азар во четврток од 19 часот на „Сантијаго Бернабеу“ да биде спектакуларна, а на Кралскиот клуб му е многу важно да се урне рекордот на Кристијано Роналдо.

Популарниот ЦР7 е вистинска легенда на „белиот балет“, а на промоцијата на Португалецот како нов член на најтрофејниот шпански клуб точно пред 10 години на „Сантијаго Бернабеу“ дојдоа 70 илјади гледачи.

Тоа е рекорд што трае една деценија, а од Реал се убедени дека му дојде крајот и дека во четврток, кога Азар ќе биде претставен, ќе му аплаудираат повеќе од 70 илјади симпатизери на мадриѓани.

Ден претходно на промоција ќе пристигне Лука Јовиќ, па веднаш ќе замине со младата српска репрезентација на Европското првенство што ќе се игра од 16 до 30 јуни во Италија и Сан Марино.

- Оглас -

Најнови вести