Реал им помага на Ѓаволите – Каземиро денеска ќе биде на медицински прегледи во Манчестер, во понеделник ќе игра против Ливерпул (Фото)

Реал Мадрид му даде зелено светло на Бразилецот Каземиро за трансфер во Манчестер јунајтед, а сè ќе биде завршено брзо за да може да игра во понеделник, во вечното дерби на англискиот фудбал против Ливерпул.

Кралскиот клуб му помогна на Манчестер јунајтед со тоа што му дозволи на Каземиро денеска да пристигне во Англија и да ги заврши медицинските тестови во трансфер вреден 60 милиони евра, плус уште 10 милиони во бонуси.

Бразилскиот ас, за кого многумина велат дека е можеби и најдобриот дефанзивен играч за врска, ќе има огромна годишна плата од 18 милиони евра во трансфер што е изненадувачки и се случува експресно, а би требало да биде потпишан четиригодишен договор.

Каземиро е во Реал Мадрид од 2013 година и е вистинска амајлија на клубот со пет титули во Лигата на шампионите, три во шпанското првенство, една во Копа дел Реј, три во шпанскиот Суперкуп и исто толку во Европскиот Суперкуп и во Светскиот куп на ФИФА.

 

- Оглас -

Најнови вести