Реал Сосиедад има чудо од голман, па сега цела лига им гледа во грб (Видео)

Реал Сосиедад ја победи Селта со 2-0 со голови на Исак и Елустондо и повторно се врати на првата позиција во шпанската лига, со три бода предност во однос на неколку тима кои се зад нив.

Погодокот на Елустондо беше случаен, по корнерот на Мерино, топката го удри Еустондо во грбот и замина во мрежата на Селта. Голема заслуга за победата има и голманот Рајан, кој имаше неколку чудесни интервенции, оставајќи ги во шок домашните кои уште долго ќе се прашуваат како не постигнаа гол.

https://twitter.com/i/status/1453784408994062337

Еве уште две одбрани во ист напад:

https://twitter.com/i/status/1453795508649086981

- Оглас -

Најнови вести