Реал тргна со победа во 2019 во Евролигата

Реал Мадрид лесно го совлада тимот на Макаи Тел Авив со конечни 91:79 во мечот од рамките на 16-тото коло во Евролигата. Актуелниот европски првак ја започна многу подобро новата година, откако 2018-та ја заврши со минимален пораз од Фенербахче (65:63).

Неизвесноста траеше цело прво полувреме, а пресуди третиот период кој „кралевите“ го освоија со 25:18, па до самиот финиш само ја зголемуваа предноста.

Ајон одигра речиси перфектен натпревар, реализираше 18 поени и притоа не погоди само еден шут од 10 обиди, а му недостасуваше еден скок за двоен учинок. Фернандес додаде 13 поени за „кралевите“, по 11 поени додадоа Рендолф и Љуљ. Кај поразените, најефикасен беше Рол со 23 поени.

Останатите резултати во 16-тото коло на Евролигата:

Анадолу Ефес – Баерн Минхен 92:77

Армани Милано – Будуќност 111:94

 

- Оглас -

Најнови вести