Ребров: Ова беше многу важен меч за двете селекции, затоа и многу силно се боревме

Селекторот на Украина, Сергеј Ребров беше задоволен што неговата селекција ја оствари мисијата, а тоа е победа над Македонија.

„Секогаш имаме голема поддршка од навивачите и благодарам на Прага и Чешка која ни дозволи да тренираме тука и да играме. Македонија покажа дека е квалитетен тим. ова беше многу важен меч за двата тима. Едноставно моравме да се бориме силно за да стигнеме до победата. Кога поведовме, добивме уште поголема сила да се бориме и да стигнеме до посакуваната победа“, рече Ребров.

- Оглас -

Најнови вести