Речиси е готово уште едно шампионско засилување за Рома

Рома ги завршува преговорите со ПСЖ околу ангажманот на Џини Вајналдум. Холандскиот репрезентативец се сели во Вечниот Град како позајмен играч, со опција Волчицата да го откупи неговиот договор идното лето за сума од 10 милиони евра.

Вајналдум мина само една сезона во Париз и беше прогласен за најлош трансфер во Лига 1. Откако дојде новиот тренер Кристоф Галтие, Вајландум стана вишок и поради тоа кариерата ја продолжува на „Олимпико“.

Вајналдум ќе претставува петто засилување на тимот што го води Жозе Мурињо и дефинитивно Рома може да се смета за конкурент за титулата во Италија следната сезона.

Претходно потпишаа младиот голман Миле Свилар, ветеранот Немања Матиќ и новата прва ѕвезда Пауло Дибала како слободни играчи. Само седум милиони евра потроши Рома за трансферот на десниот бек Зеки Челик од Лил.

- Оглас -

Најнови вести