Речиси секој ден во Реал има по еден нов заразен со ковид-19

Реал Мадрид потврди нов позитивен случај на корона-вирус, трет во изминативе осум дена, а во прашање е бекот Алваро Одриосола. Тој е трет заразен фудбалер на Кралевите со ковид-19, откако пред три дена во самозиолација се смести Давид Алаба, а претходно и Бензема доби позитивен тест.

Тимот на Карло Анчелоти во меѓувреме се подготвува за пријателскиот дуел против Милан на 8 август, а шест дена потоа стартува новата сезона во Ла Лига, во првото коло Реал гостува кај Алавес.

- Оглас -

Најнови вести