Ред Бул нема сериозна конкуренција, Ферстапен и Перез со доминатна „еден-два“ победа

Најавите на Карлос Саинс од Ферари кој беше на пол-позиција дека оди на победа во Белгија, се покажаа како неосновани, и денешната трка на патеката Спа Франкошамп мина во доминација на Макс Ферстапен и Ред Бул.

Саинс беше на пол-позиција и остана прв после првите неколку кругови, но како одминуваше времето, а Ферстапен кој тргна од 14-то место и ги претекнуваше болидите пред него, стана јасно дека е прашање на време кога актуелниот првак ќе го презеде водството.

После само 18 кругови, Ферстапен изби пред Саинс, а дотогаш и двајцата по еднаш беа во бокс. Останатото беше рутина за Холанѓанецот. За целосна радост во Ред Бул се погрижи Серхио Перез, кој го освои второто место.

Саинс мораше да се задоволи со најниското место на подиумот, а неговиот клупски колега Шарл Леклер беше петти.

- Оглас -

Најнови вести