Штета: Редиш 16 парови, погаѓаш 15, а паѓаш на првата напишана (Фото)

Петок е ден кога излегува новата понуда во билтенот и официјално тогаш започнуваат викенд возбудувањата во Sport Life. Тие кои почесто уплаќаат во петок, знаат дека тоа е ден резервиран за француска и холандска втора лига, плус стандардно по некој меч од останатите атрактивни европски првенства.

Еден обложувач во Гостивар составил речиси перфектен тикет од 16 парови. Се работи за мечеви кои започнуваат од 20 до 21 часот, што значи во исто време ги следел резултатите на речиси сите дуели. На крајот, погодени се 15 меча, но тикетот уплатен со 50 денари за малку немал целосна реализација и да биде добитен за 500 евра.

Дуелот од англиската Чемпионшип меѓу Сандерленд и Донкастер е малерозен.Домаќините беа фаворити за победа, но Донкастер успеа да се одбрани и на крајот мечот заврши 0:0. Токму тој меч е прв ставен на тикетот, на кој потоа има наредено 15 погодени средби од синоќа.

Обложувачот за овој тикет има утешна награда, а ако продолжи со ваков процент да погаѓа денес и утре се надеваме дека ќе има и комплетна добивка.

- Оглас -

Најнови вести