Редно беше некој да го прати Ван Дајк „по бурек“ (Видео)

Реткост е Вирџил ван Дајк да наседне на финта, но синоќа се случи тоа, Холанѓанецот се излета во празно, по што Кореецот Хванг даде гол за Салцбург на гостувањето кај Ливерпул. Овој подогок означи почеток на големиот камбек на Црвените бикови, но иако Ред Бул имаше крилја за да дојде до 3-3, сепак на крај Австријците беа поразени.

На Хванг не му беше важно што покрај него е најдобриот дефанзивец на светот, па кога беа во ситуација еден на еден, го насамари Ван Дајк, нешто што ретко се случува. Вирџил очекуваше шут, но Ван Дајк со лажно движење го издрибла и потоа имаше непречен пат до мрежата на голманот Адријан.

Освен тоа што Ливерпул и Салцбург одиграа спектакл со 7 гола, мечот ќе се памети и по тоа што за првпат во историјата на Лигата на шампионите на ист меч, два гола за иста екипа дадоа азиски фудбалери.

Погледнете го голот кој според УЕФА не е меѓу кандидатите за погодок на колото:

https://www.youtube.com/watch?v=GsLjLx2EM7A

- Оглас -

Најнови вести