Редно е фаворитите да не киксираат: Бенфика, Андерлехт, Марибор… чекаат сигурни победи

За тоа дека фаворитската улога никогаш пред време не значи и победа се потврди уште еднаш во изминативе два дена. Во вторникот се случија две големи изненадувања. Манчестер јунајтед на свои терен одигра 2:2 против Дерби, а потоа на пенали беше елиминиран. „Црвените ѓаволи“ кикснаа, иако беа огромни фаворити.

Истото се случи и со Баерн Минхен. Најтрофејниот герамански клуб се очекуваше само формално да ја заврши работата против Аугсбург, но тоа не се случи. Шампионот водеше со 1:0, но прими гол во 86 минута и немаше време да го избегне киксот.

Кога се бараат „сигурни“ мечеви, секогаш фокусот е кон Барселона и Реал Мадрид. Синоќа не беше така. Двата најтрофејни шпански клубови загубија. Барселона водеше со 1:0 на полувреме против последнопласираниот Леганес, но во вториот дел за 70 секунди прими два гола и на крајот загуби со 2:1. Реал имаше многу потешка задача, но тоа не значеше дека уште на полувреме ќе губи со 3:0 на гости кај Севилја.

Вечерва играат неколку фаворити кои на терен треба да потврдат дека ќе стигнат до победата. Бенфика веќе 16 меча нема пораз на гости во португалското првенство, а против Шавес ги има добиено сите четири претходни средби. На седум од последните осум меча на гости, гигантот од Лисабон дава барем два гола. Ако ова продолжи и вечер, „двојката“ е сигурна.

Андерлехт во Купот на Белгија пред своите навивачи треба да го победи Унион Сент, исто како и Лилесторм во Купот на Норвешка. Марибор во првенството на Словенија е апсолутен фаворит против Рудар Велење, исто како и Олимпија против Горица.

 

- Оглас -

Најнови вести