Рекетите ќе ги заменат со контролори: Турнирот во Мадрид ќе се игра од дома

Организаторите на Мастерс турнирот во Мадрид најдоа начин како да го одржат овогодишното издание на турнирот. Наместо со рекети, најдобрите тенисери на светот во рацете ќе држат контролори и виртуелно ќе ги одмерат сили, со помош на конзолите за видеоигри.

Мастерсот во шпанската метропола беше закажан за мај пред да се откажат голем дел од првенствата поради пандемијата со Коронавирусот, а виртуелното натпреварување ќе се одржи од 27 до 30 април. Наскоро ќе бидат соопштени сите учесници во машка и женска конкуренција, кои од своите домови ќе атакуваат на трофејот.

Наградите за победниците се по 150.000 евра, освојувачите ќе одлучуваат колкава сума од наградата ќе биде наменета за загорезените тенисери кои трпат финансиски проблеми. Дополнителни 50.000 евра ќе се донираат во борбата против вирусот Ковид-19. Актуелни шампиони во сингл конкуренциите се Новак Ѓоковиќ и Кики Бертенс.

- Оглас -

Најнови вести