Рекламата за новиот дрес на Рома е фантастична: 1990-ти години, видеорекордер и клупска легенда (Видео)

Рома го претстави дресот за следната сезона, а дизајнерите и маркетинг-тимот на Римската волчица направија фантастична работа со рекламата и начинот на кој го презентираа новиот дрес.

Главната улога во видеото ја има поранешниот напаѓач на Рома и на италијанската репрезентација, Марко Делвекио, кој беше дел од шампионската генерација на Волчицата на почетокот од 21 век.

Делвекио, кој сега има 50 години, многу не е променет, долгата коса сè уште е тука, како и боите, а новиот дрес ќе има „ретро“ грб, како во времето кога тој играше за Рома. Рекламата е во стилот на 1990-тите години и започнува со моментот кога Делвекио во видеорекордерот става видеокасета од неговите голови…

„Дизајниран е да направи жолто-црвеното срце да чука уште посилно. Патувањето назад низ времето е со нашиот „традиционален грб“ и класичната крагна која повторно ја воведуваме во новиот дрес на Рома“, стои во соопштението на Рома.

 

 

- Оглас -

Најнови вести