Рекорд во УФЦ: Нокаут за три секунди (видео)

Во Лас Вегас ноќеска се одржа УФЦ 239 изданието во кое се пет борби, четири во машка и една во женска категорија. Во втората борба меѓу мажите, која не беше главниот настан се случи историја. Запишан е најбрзиот нокаут во историјата на шампионатот во боречки мешани вештини.

Американецот Хорхе Мадвисал во борбата со Бен Арксен во велтер категорија, го нокаутираше противникот по само три секунди. Неговиот удар „летечко колено“ беше фатален за Арксен, кој падна на земја и не се помрдна. Иако според службениот записник нокаутот е заведен по пет секунди, од почетокот на мечот до падот на Арксен минаа само три секунди, доволни за историја.

Инаку, претходно во полутешката категорија, Џон Џоунс го обрани појасот во борбата против Тијаго Сантош. Неизвесниот меч траеше 25 минути, а Џоунс ја запиша 13-тата последотелна победа во борби за појас од вкупно 25 во кариерата, и се изедначи Жорж Сент Пјер.

Аманда Нунес со технички нокаут во првата рунда ја совлада Холи Холм во бантам категоријата, Јан Блаховиќ славеше над Лук Рокхолд во борбата во полутешка категорија, Марк Кјеза беше подобар од Диего Санчес во велтер категоријата.

- Оглас -

Најнови вести