Рекордерот Ибраими се враќа во репрезентацијата по пет години: Убаво е пак да се носи дресот на Македонија

Рекордерот по бројот на голови постигнати во македонската Прва лига, Бесарт Ибраими, по пауза од пет години, повторно ќе игра за нашата репрезентација и е меѓу патниците за Абу Даби, каде што на 22 октомври ќе играме со Саудиска Арабија.

Составот е претежно со играчи од домашното првенство, а таму играчот на Струга Трим Лум е неприкосновен.

Моментно е прв стрелец со 7 гола, а и историски е најефикасен во сите досега заедно одиграни шампионати на Македонија.

Ова ќе му биде 18-тиот настап за македонската репрезентација, а за националниот тим играше во перидот од 2009 до 2017 година и сега прави камбек.

„Убаво е чувството пак да се игра за Македонија. Саудиска Арабија е силна репрезентација, ова ќе биде вистински предизвик за сите нас, но и шанса за наметнување и нови настапи во репрезентацијата во иднина. Наша задача е да покажеме квалитет против селекција што ќе игра на Мундијалот во Катар и да потврдиме дека заслужено сме повикани од селекторот Милевски“, вели Ибраими.

Македонија и Саудиска Арабија ќе играат на 22 октомври во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.

 

- Оглас -

Најнови вести