Рекордерот Кејн засекогаш ќе го памети натпреварот во Неапол: Им благодарам на сите кои помогнаа сонот да стане реалност

Селекцијата на Англија во дербито на првото коло од квалификациите за ЕП 2024, во Неапол со 2:1 ја совлада Италија, а натпреварот го одбележа капитенот на Гордиот Албион, Хари Кејн, кој испиша историја.

Кејн во 44-тата минута постигна гол од пенал, со кој Англија поведе со 2:0 и тоа беше вкупно 54-ти гол за напаѓачот на Тотенхем во репрезентативниот дрес, со што стана најдобар стрелец во историјата на Гордиот Албион.

До дуелот со Италија, Кејн и Вејн Руни имаа по 53 постигнати голови во дресот на англиската репрезентација, а во Неапол напаѓачот на Тотенхем се искачи на првото место на вечната листа. Англија со победата во Неапол, конечно по 61 година успеа да ја победи Италија како гостин, а селекторот Гарет Саутгејт дојде до 50-та победа.

„Тоа беше посебна ноќ за сите нас, посебна за мене. Никогаш нема да го заборавам овој меч, горд сум.Им благодарам на сите кои помогнаа овој сон да стане јаве. Згора на тоа, ја победивме Италија на нејзин терен по многу, многу години. Чест беше да се биде дел од еден ваков спектакл. Им благодарам на сите, на соиграчите, на стручниот штаб, на навивачите, семејството, сопругата…“, изјави Кејн.

- Оглас -

Најнови вести