Рекордерот Роналдо уште сега мисли за крајот од сезоната

Првата ѕвзда на Јувентус, Кристијано Роналдо, даде два гола и е најзаслужен што неговиот тим не загуби на тешкото гостување кај Рома. Старата дама и со играч помалку успеа да израмни на 2:2, а Роналдо е задоволен од освоениот бод.

„Ова е еден освоен бод за нас. Бевме во тешка ситуација, но успеавме да се вратиме дури и кога бевме со играч помалку поради црвениот картон. Уште се наоѓаме на почетокот на сезоната. Имаме нов тренер, нови идеи, но гледам дека целиот тим работи добро и е полн со ентузијазам. Верувам дека имаме добра иднина. Овој освоен бод против Рома може да се покажи и како клучен на крајот од сезоната“, рече Роналдо.

Португалецот од синоќа е првиот фудбалер кој во кариерата стигнал до бројката од 450 погодоци во Топ 5 лигите во Европа.  

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести