Рекордна ноќ во МЛС лигата по бројот на погодоци

Во МЛС лигата ноќеска се постави рекорд по бројот на погодоци постигнати во еден ден. На вкупно 13 настпревари кои се одиграа на датумот 6 август, постигнати се 57 погодоци, 11 повеќе од досегашниот најефикасен учинок.

Од вкупно 26 екипи кои истрчаа на терените, само три не забележаа барем еден гол – Ремито без голови меѓу ДЦ јунајтед и Њујорк ред булс, како и Орландо сити во поразот од 0-3 од Њу Ингланд револушн.

Резултати:

Атланта 2-1 Сиетл, Шарлот 2-3 Чикаго, Монтреал 2-2 Интер Мајами, Синсинати 3-1 Филаделфија, Колумбус 3-2 Њујорк, ДЦ јунајтед 0-0 Њујорк ред булс, Орландо 0-3 Њу Ингланд, Нешвил 3-4 Торонто, Канзас сити 4-2 ЛА галакси, Остин 3-3 Сан Хосе, Колорадо 4-3 Минесота, Реал Солт Лејк 1-4 Лос Анџелес, Портланд 1-1 Далас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести