Рекордна посета откако почна пандемијата, на трибините имаше над 78.000 фанови

Натпреварот помеѓу екипите на Колингвуд и Есендон е прв во светски рамки на кој имаше публика без никакви ограничувања, а на трибините имаше 78.113 гледачи, што е рекорд за спортски настан откако почна пандемијата. Инаку, средбата беше по повод празник во чест на борците од Австралија и Нов Зеланд во првата светска војна.

Натпреварот беше од австралиски фудбал, кој е всушност рагби. Според присутните, ваква бучава која ја создале фановите не се слушнала уште од финалето во 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести