Рекордни 40.000 Аргентинци дојдоа во Парагвај по трофејот, го Колон доби шок терапија од Индепендиенте (Видео)

Екипата на Индепендиенте од Еквадор е освојувач на трофејот во Суд Американа турнирот во Јужна Америка, натпреварување кое е пандан на Лигата на Европа на УЕФА. Финалето се играше во Парагвај, а ќе биде запамтено по големиот број на навивачи кои беа да ја бодрат екипата на Колон Санта Фе и страшното невреме, поради кое мечот беше прекинат повеќе од еден час.

Дека финалето ќе биде вистинско шоу се знаеше уште кога неверојатни речиси 40.000 аргентински навивачи допатуваа во Парагвај да дадат поддршка за тимот на Колон. Аргентинците беа подготвени за големо славје, но така не мислеа противниците.

Индепендиенте поведе со 1:0, а потоа мечот беше прекинат. Големо невреме со грмотевици и пороен дожд го потопи теренот и немаше услови да се доигра средбата. Судијата побара прекин, а дури по еден час, теренот беше оспособен и дуелот продолжи.

Индепендиенте стигна и до водство од 2:0, а во второто полувреме Колон промаши пенал. Аргентинците подоцна сепак успеаа да намалат на 1:2, а кога тргнаа да постигнат втор гол, оставија многу простор за контра напад, па тимот од Еквадор со трет погодок само ја запечати победата и ја најави големата радост за трофејот.

https://twitter.com/andresmunoza/status/1193353746173947904

- Оглас -

Најнови вести