Патрик Махомс го потпиша најбогатиот договор во историјата на спортот. Најкорисниот играч на последниот Супербол се согласи на нов 10-годишен договор со Канзас сити чифс, со кој вкупно ќе заработи малку повеќе од 502 милиони долари.
Договорот од половина милијарда долари го урна рекордниот договор на боксерот Саул Алварес со ДАЗН за пренос на неговите борби, потпишан во октомври 2018 година.
Квотербекот на Канзас беше клучна фигура во освојувањето на Супебол против Сан Франциско фортинајнерс. Махомс стана најмладиот играч во историјата на НФЛ-лигата кој ги добил МВП наградите во финалниот меч и во текот на регуларниот дел од сезоната.
На фотографијата подолу детално се објаснети вртоглавите цифри кои Махомс ќе ги заработува до 2031 година.
Here's a breakdown of the cash flow on Patrick Mahomes' new contract with the #Chiefs. It'll take more than one tweet to fully explain, but the bonuses have varying vesting dates that paint a fuller picture of how the deal works. pic.twitter.com/LepwqYMT0K
— Tom Pelissero (@TomPelissero) July 6, 2020