Рекордно гол-шоу во Франција: На пет средби постигнати 23 гола

Француската лига, со исклучок на ПСЖ, важеше за една од најдефанзивните топ 5 лиги во Европа. Но, сега веќе не е така бидејќи на првите пет средби од седмото коло видени се неверојатни 23 погодоци, односно во просек од 4,6 по меч, што претставува своевиден рекорд.

Најефикасен беше тимот на Рен, кој му „спакува“ шест гола на Клермон, додека Монпелје и Бордо ги поделија бодовите играјќи 3:3.

Возбудливо беше и на средбите меѓу Нант и Брест, односно Монако и Сент Етјен, кои завршија во корист на домаќините со резултат 3:1.

Додека, пак, актуелниот првак Лил се радуваше на трите бода по подолго време откако го победи Ремс со 2:1. Благодарение на головите на Џонатан Дејвид (31′) и Бенџамин Андре (43′), гостите намалија преку Алексис Флипс од белата точка во 74-тата минута.

Ова е рекорд во Франција по просек на погодоци на пет одиграни средби, откако претходното вакво најдобро достигнување беше во сезоната 2010, кога на исто толку средби беа дадени 22 погодоци. Доколку стрелците продолжат со вакво темпо, дефинитивно ова коло ќе биде запишано во фудбалската историја.

- Оглас -

Најнови вести