Ремек – делото од слободен на Милик го урна Калјари во финишот (видео)

Аркадиус Милик им донесе три бода на Наполи на гостувањето кај Калјари со минимални 1-0. На средбата која се одигра во рамките од 16. коло во Серија А, Карло Анчелоти се одлучи да експериментира оставајќи го на клупа напаѓачкото трио Мертенс-Инсиње-Калјехон, а тој експеримент за малку ќе донесеше непосакуван резултат

Гостите беа поконкретни во своите напади, но дури во финишот на средбата успеаја да го совладаат Крањо. Се играше првата минута од судиското надополнување, кога Милик реализираше прекрасен слободен удар.

Наполи ја забележа вкупно 12-тата победа сезонава во италијанскиот шампионат, со 38 бода го држат второто место, имаат осум помалку од лидерот Јувентус.

https://www.dailymotion.com/video/x6z25dv

- Оглас -

Најнови вести