Ренџерите на Џерард го имаат најслаткиот верен навивач (видео)

Во Глазгов се случуваше главното фудбалско возбудување викендов, иако на програмата имаше и Премиер лига. На „Селтик парк“ се судрија старите ривали Селтик и Ренџерс, а 420-тото „Олд фирм“ дерби му припадна на тимот кој го предводи Стивен Џерард.

Ренџерите славеа со 2-1, триумфот им помогна да се доближат само на два бода зад водечкиот и актуелен првак Селтик на табелата во шкотското првенство. Победата ја славеше секој навивач на Ренџерс, од најмлад до најстар, а како изгледаше тоа во млада верзија, покажува следното видео.

Ренџерите го имаат најслаткиот верен навивач, кој уште не знае да зборува како што треба, но знае дека на голот мора да се израдува така што ќе ја измери целата соба, нормално, со кренати раце.

https://twitter.com/FootbalIStuff/status/1211242035493122048

- Оглас -

Најнови вести