8201 Њујорк ренџерс – Пистбург пингвинс (НХЛ, 01 часот)
Ренџерс прокоцкаа чиста победа во првиот меч од плејоф-серијата со Питсбург и не успеаја да ја задржат предноста од 2:0, потоа и од 3:2, па загубија со 3:4 по продолженија.
Сега се во незгодна ситуација и ја загубија предноста да играат меч повеќе на свој терен, а нов пораз ќе значи речиси сигурна елиминација.
Њујорк имаше само еден пораз од Питсбург на четири дуели во регуларниот дел од сезоната и може да им се спротивстави на незгодните Пингвини.
Со три титули и уште едно финале во Стенли купот, Питсбург е една од најуспешните екипи во 21 век во НХЛ, Крозби и Малкин сè уште играат извонредно, но сега ќе загубат од Ренџерс.
Предлог тип: 1 (2.15)
8332 Флорида пантерс – Вашингтон капиталс (НХЛ, 01.30 часот)
Флорида го почна плејофот како најдобра екипа во регуларниот дел на сезоната, но веднаш наиде на мина и загуби со 2:4 од опасниот тим на Вашингтон.
Овечкин и соиграчите стартуваа од последната осма позиција во плејофот во Источната конференција, но имаат супер тим со големи ѕвезди што можат да одат докрај и да се борат за втората титула во клупската историја.
Флорида си дозволи луксуз да загуби со 10:2 од отпишаниот Монтреал во последниот меч од регуларниот дел на шампионатот, што е тежок пораз пред плејоф без разлика што мечот беше ревијален.
Пантерс имаат квалитетен тим и нема да се предадат без борба, а очекуваме драматичен меч и типуваме дека ќе има продолженија.
Предлог тип: Х (4.80)
8333 Колорадо авеланш – Нешвил предаторс (НХЛ, 03.30 часот)
Колорадо со маестрална игра и победа од 7:2 покажа зошто е најдобриот тим на Западот по регуларниот дел и дека ќе биде еден од фаворитите за пехарот во Стенли купот.
Мекинон, Рантанен, Макар, Ландеског и останатите хокеари на Авеланш го декласираа Нешвил и најавија дека лесно ќе се пласираат во второто плејоф коло.
Предаторите личеа на разбиена војска и не покажаа дека имаат адути за да се надигруваат со Колорадо.
Лавината има моќен тим и пак ќе го декласира Нешвил.
Предлог тип: 1&5+ (1.61)
8334 Калгари флејмс – Далас старс (НХЛ, 04 часот)
Во груб меч со дури 60 минути исклучувања на двете страни Флејмс го победија Далас со 1:0 и со истиот резултат водат во серија што ќе биде многу интересна.
Тоа е и најнефикасниот меч на стартот од плејофот во НХЛ, а се играше цврсто, па само Линдхолм успеа да постигне гол, доволен за победа на Калгари.
Сент Луис има тим за да се носи рамноправно со Флејмс, иако Канаѓаните се фаворити за пласман во второто коло.
Трите меѓусебни дуели во регуларниот дел изобилуваа со голови, но ова е плејоф и сосема поинаква приказна, па пак очекуваме тврд меч со малку голови.
Предлог тип: <5.5 гола (1.85)
5752 Брагантино – Велез Сарсфилд (Копа Либертадорес, 02 часот)
Првиот меч меѓу брзилскиот и аргентинскиот клуб во Ц групата во Копа Либертадорес беше исклучително возбудлив и заврши нерешено 2:2.
Сега Брагантино има меч-топка за да се доближи до пласман во следната фаза и ако победи, ќе има три бода предност пред Национал, а ќе го отпише Велез Сарсфилд од битката за второто место.
На првиот меч во Аргентина блескаше вардарецот Итало со два гола за Брагантино, па некогашниот играч на нашиот најтрофеен клуб пак ќе биде главен адут на бразилскиот тим.
Велез Сарсфилд нема што да загуби бидејќи е последен на табелата само со еден бод по три меча и ова е последна шанса за приклучок кон горниот дел на табелата за да се остане во игра за осминафинале во јужноамериканската Лига на шампиони.
Предлог тип: 3+ (2.21)