Рендолф го одигра последниот натпревар за Словенија

Центарот на Реал Мадрид, Ентони Рендолф, вчера го одигра последниот натпревар за Словенија, известуваат словенечките новинари. Со поразот од Турција во квалификациите за СП 2019, Рендолф се простува од селекцијата со која минатата година се искачи на врвот на Европа, освојувајќи ја титулата на Евробаскетот.

Американецот дебитираше за Словенија токму на минатогодишниот Евробаскет, каде што со освоени 11,7 поени во просек ѝ помогна на селекцијата да дојде до првиот златен медал на едно Европско првенство во нивната историја.

Вчера против турскиот состав, Рендолф забележа дабл-дабл учинок од 24 поени и 12 скока, но Словенија играше без неколку стандардни првотимци, па поразот од 86:77 беше неизбежен.

- Оглас -

Најнови вести