Ренова „пукна“ петарда во мрежата на Брегалница

Екипата на Ренова постигна пет погодоци во мрежата на Брегалница во мечот од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига, кој на крај заврши со 5:2.

„Гипсарите“ барем за момент ќе осамнат на лидерското место во најсилното фудбалско друштво кај нас, чекајќи го вечерашното дерби меѓу Академија Пандев и Шкупи кој се игра за нешто повеќе од еден час.

Фатјон Јусуфи ја отвори гоеладата во 22. минута, додека следеше инстант одговор од страна на гостите преку Алтипармаковски, за до крајот на полувремето Селмани и Шефити да стрелаат за предност од 3:1.

Веднаш на стартот од вториот дел, Манев донесе нова неизвесност, која подоцна беше прекината со голот на Илиески.

Петтиот гол беше дело на Рамадани во последните мигови од средбата. Со оваа победа, Ренова сега има 17 бода, односно два повеќе од Работнички кој одигра само 1:1 против Пелистер, додека вечерашните ривали имаат по 14 бода.

Актуелниот првак, Шкендија, пак исто така не успеа да оствари победа, играјќи само 1:1  на гостувањето кај Струга.

 

ПМФЛ РЕЗУЛТАТИ 8 КОЛО

Ренова – Брегалница 5:2

Струга – Шкендија 1:1

Работнички – Пелистер 1:1

Борец – Скопје 0:2

Тиквеш – Македонија ЃП 3:0

Академија Пандев – Шкупи 18:00 часот

- Оглас -

Најнови вести