Ренова се засили со второлигашки фудбалер од Колумбија

Ренова ги почна подготовките за новата сезона, а денеска во редовите на прволигашот од Џепчиште пристигна и Колумбиецот Еди Мена Перес.

Играчот од средниот ред има 23 години и пет настапи сезонава за колумбискиот второлигаш Ланерос, за кого не успеа да постигне ниту еден погодок.

Ренова објави фотографии од медицинските прегледи на младиот Колумбиец, па ако сè биде в ред, тој ќе биде зимско засилување за деветтопласираната екипа во Првата македонска лига.

Пред стартот на продолжението на првенството закажано за 14 февруари, Ренова со 19 бода е во опасната зона за испаѓање од Првата лига.

 

- Оглас -

Најнови вести