Ренова не дава петки, конечно успеа да го победи Силекс

Ренова забележа многу значајна победа против Силекс од 2:1, денеска во премиерниот меч од 28. коло во Првата македонска лига.

Со головите на Шефити во 12. минута и евроголот на Јусуфи во 38. минута популарните Гипсари ги победија кратовци за првпат по две години, односно по серија од четири меча без триумф.

Првото полувреме и многу подобриот домаќин донесоа решение во дербито на долниот дел на табелата. Ренова успеа да погоди двапати и со три бода да побегне од опасната зона.

Во финишот на мечот, Галевски успеа да постигне почесен гол за гостите, недоволно барем за реми.

Гипсарите имаат 31 бод на осмото место, колку што има и Академија Пандев, но со меч помалку, а сега Силекс падна на 10. место со 29 бода.

Утре се играат преостанатите пет дуели од 28. коло.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести