Репрезентативецот на Андора со својот „твит“ ја насмеа цела Европа (ФОТО)

Репрезентацијата на Англија со убедливи 5:0 ја совлада Андора во квалификациите за Светското првенство во Катар. „Гордиот Албион“ сосема очекувано немаше проблеми против аутсајдерот, а еден од фудбалерите на Андора ја насмеа фудбалска Европа.

Станува збор за Илдефонсд Лима кој со 41 година е најстариот играч на оваа селекција. Тој, на социјалната мрежа Твитер му порача на Џејдон Санчо малку да успори нареден пат кога ќе се соочат.

Лима за Андора дебитираше во далечната 1997 година, и од тогаш има одиграно 132 натпревари за националниот тим, а има и постигнато еден гол.

- Оглас -

Најнови вести