Репрезентација на Африка би изгледала застрашувачки моќно

Сенегалецот Садио Мане е најдобар африкански фудбалер за 2019 година, а Мохамед Салах, кој ја добиваше оваа награда лани и преклани, не е љубоморен и јавно му честиташе на својот соиграч од Ливерпул и „брат“, како што често го нарекува. Мане е втор Сенегалец, по Ел Хаџи Диуф, кој бил најдобар африкански играч на годината.

Најдобра репрезентација на Црниот Континент е Алжир, најдобар млад играч е Мароканецот Ашраф Хакими, а посебно импресивно делува идеалниот тим на Африка кој беше прогласен на церемонијата во Хургада.

Во изборот на ФИФПро, најдобриот тим од Африка би изгледал вака: Андре Онана (Ајакс), Серж Орие (Тотенхем), Жоел Матип (Ливерпул), Калиду Кулибали (Наполи), Ашраф Хакими (Борусија Дортмунд), Идриса Гај (ПСЖ), Ријад Марез (Манчестер сити), Хаким Зијех (Ајакс), Мохамед Салах (Ливерпул), Пјер-Емерик Обамејанг (Арсенал), Садио Мане (Ливерпул).

- Оглас -

Најнови вести