У-19 репрезентацијата загуби и од Албанија

Националниот тим на Македонија за фудбалери до 19 години со три порази на три меча ги заврши претквалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи следната година.

Денеска, во последниот меч на турнирот избраниците на селекторот Дашмир Беари во Елбасан загубија од домашната Албанија со 1-3. Стрелец на голот за нашите таленти беше Мартин Талаков, играч за врска на словачкиот второлигаш Подбрезова. На полувреме резултатот беше 1-1, а во првите пет минути од второто полувреме Албанците постигнаа два гола, и тоа беше доволно да освојат три бода.

Претходно, У-19 селекцијата на Македонија губеше и од Србија (1-2) и од Франција (0-2). Од оваа група, во елитната фаза квалификации одат Франција и Србија.

- Оглас -

Најнови вести