Репрезентацијата на Холандија имаше неверојатна статистика против Гибралтар (Фото)

Репрезентацијата на Холандија забележа победа од (само) 3-0 против аутсајдерот Гибралтар. Сите очекуваа голеада на домашните фудбалери, но тие успеаја да постигнат само три погодоци во противничката мрежа. Фудбалерите на Гибралтар одиграа пожртвувано и не дозволија да бидат понижени на овој натпревар.

Статистиката комплетно беше на страна на Холандија, поседот на топката 72% – 28%.
Репрезентативците на Гибралтар не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол, додека Холанѓаните стрелаа вкупно 49 пати. 11 удари завршија во рамките на голот (три и во мрежата), 22 удари завршија надвор од рамката на голот и дури 16 удари беа блокирани од страна на фудбалерите на Гибралтар.

Репрезентативците на Холандија изведоа 19 корнери, додека противникот ниту еден. Интересна е статистиката за точните проигрувања. Во овој сегмент биле успешни само 81 пат, додека домашните 696 пати проиграле точно. Ако на сето ова се додека дека Гибралтар играше со играч помалку од 51-вата минута, тогаш поразот од 3-0 е сосема добар резултат за нив.

- Оглас -

Најнови вести