Напаѓачот на Стоук, Саидо Берахино, за 913 дена како член на англискиот тим постогна само два гола, а во периодот од 30-ти мај до 17-ти јули годинава дури трипати стана татко, и тоа со три различни жени. Берахино е од Бурунди и има 25 години.
Поранешната свршеница на Берахино, Стефани Кристофору, која има 27 години, го роди момчето Коста, а на 17-ти јули бившата девојка Челзи Лавлејс го роди девојчето Анија Мари. На двете деца како татко им е заведен фудбалерот на Стоук.
Но, се појави уште една жена која тврди дека детето кое го родила на 15-ти јули е направено од Берахино и бара тој да го признае и тоа дете. Името на оваа жена, од правни причини, засега се чува во тајност.
Берахино е најплатениот играч на Стоук со неделна плата од 70.000 фунти. Со Стефани се разделија откако тој се обиде дома да ја донесе Челзи. На почетокот на оваа година, една 39-годишна мајка на три деца рече дека патувала 160 километри само за да помине ноќ со фудбалерот од Бурунди, но се скарале откако Берахино се налутил кога оваа жена се шегувала со него на сметка на малиот број постигнати голови.
Берахино во неделата против Блекбурн даде гол, но утна пенал во 90-тата минута и пропушти прилика на својот тим да му донесе бод.