Ретко се прави пресврт против Ѓоковиќ – Циципас со подвиг го елиминира најдбриот на светот

Стефанос Циципас одигра одличен меч во четвртфиналето во Шангај и со голема победа од 2:1 против Новак Ѓоковиќ се пласира во завршницата на турнирот.

Најдобриот светски тенисер почна подобро и го доби првиот сет со 6:3, но немаше сили докрај да му се спротивстави на помладиот од себе.

Голема битка се водеше во вториот сет, а Гркот направи брејк во вистински момент во самиот финиш и израмни на 1:1, откако го доби сетот со 7:5.

И во решавачкиот сет му беше доволен само еден брејк, за предност од 4:1, за потоа без многу мака да го приведе мечот со крај и да се пласира во полуфиналето.

Сега Циципас има позитивен биланс против најдоброрангираниот светски тенисер и води со 2:1 во победи. За финале ќе игра против Данил Медведев, кој го победи Фабио Фоњини со 2:0 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести