Ретко видео каде Меси и Марадона заедно играат со топка на терен

Поминаа два месеци од смртта на Диего Армандо Марадона, еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Според многумина, Марадона беше еден и единствен, неповторлив. Сепак, кога се работи за аргентинскиот фудбал, наследникот на Марадона, беше пронајден во Лионел Меси.

Виртуоз со топката, играч кој ги освои сите најголеми трофеи и дури шест пати беше прогласуван за најдобар фудбалер во светот за тековната година, не успеа да го стигне Марадона само по едно, а тоа е да ја одведе репрезентацијата на Аргентина до светскиот трон на фудбалскиот Мундијал.

Токму во националниот дрес Меси имаше можност да работи со Марадона, кој еден период беше селектор на Гаучосите. На едно од загревањата пред меч, Меси и Марадона ја земаа топката и решија заедно да поиграат. Тоа е еден од ретките видео записи на кои двајцата фудбалски великани заедно уживаат на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести