Ретро дресовите му донесоа среќа на Милан

Фрозиноне утна пенал, и потоа беше казнет од Кжиштоф Пјонтек и Сузо, па Милан славеше со 2-0 во меч по кој „росонерите“ се искачија на четвртата позиција на табелата во Серија А, и може да останат таму, доколку вечерва Јувентус ја совлада Аталанта. Сите најинтересни моменти на мечот на „Сан Сиро“ се случуваа во второто полувреме.

Полјакот Пјонтек стана осмиот играч во Топ 5 лигите во Европа, а прв од италијанскиот шампионат, со 30 постигнати голови сезонава во сите натпреварувања. Тој во 57-ма минута го донесе Милан во водство, откако осум минути претходно, Донарума му одбрани пенал на гостинскиот играч Чано. Сега на Милан му останува да навива за Јуве против Аталанта и да се надева оти може да се пласира во Лигата на шампионите.

Милан на овој натпревар настапи во дресови со кои ќе игра и во целата наредна сезона. Станува збор за ретро дрес кој клубот го носел во сезоната 1968/1969, сезона во која Милан по вторпат во клупската историја стана европски првак, а го освои и Интерконтиненталниот куп.

- Оглас -

Најнови вести