Ретро финале во НХЛ – Бостон против Сент Луис по 49 години

Бостон бруинс – Сент Луис блус (НХЛ, 02 часот)

Големото финале во НХЛ лигата е сосема неочекувано, а Бостон и Сент Луис ќе се обидат да стасаат до веројатно и најпрестижниот трофеј на светот во Стенли купот.

Историјата сакаше да се повтори финалната серија од 1970 година, кога Сент Луис за последен пат играше финале и загуби токму од Бостон со чисти 4:0.

Сент Луис има негативен биланс во финалињата, ги загуби сите три досега, а и Бостон е со скор 6-13.

Хокеарите на шесткратниот НХЛ првак имаа повеќе време за одмор, откако лесно ја елиминираа Каролина со метла за 4:0. Последниот меч го играа на 17. мај и паузираа десет дена. Сега ќе го играат јубилејното 20-то финале, а се меѓу тимовите што имаат најмногу неуспеси во битката за пехарот и имаат точно 13 вицешампионски позиции.

Бостон ја брани честа на Оригиналните шест екипи кои ја основаа лигата и е фаворит. Ќе ја има предноста да игра меч повеќе на домашен терен, а ноќеска му доаѓа опасен гостин.

Сент Луис има најмногу победи во плејофот како гостин од сите екипи што учествуваа, а дури 7 пати Шварц и соиграчите се радуваа на успех на гостувањата.

Бостон како втор носител на Истокот имаше и многу полесен пат до финалето. Ги елиминира петтиот, осмиот и седмиот носител за пласман во финалето. Сосема спротивно Сент Луис како петорангиран фаворит во Западната конференција успеа да ги надигра Винипег (4.) и Сан Хозе (2.) кои беа фаворити, а го исфрли од игра и послаборангираниот Далас (6.).

Според квалитетот се тука некаде, а и двете екипи се надеваат дека добро ќе им функционира првиот напад.

Се очекува голема битка на триото Маршан-Бержерон-Пастрнак кај Бостон и Шварц-Шен-Тарасенко кај Сент Луис. Досега во голови се израмнети, имаат по 22, па најмногу од нив и од офанзивниот дел ќе зависи и исходот на финалето.

Предлог тип: >4.5 гола (1.60)

 

Аваи – Сеара (Бразил, 01. часот)

Аваи има одличен биланс против Сеара и на 12 меѓусебни дуели на домашен терен има само еден пораз. Гостите се радуваа во 2011 година и оттогаш, а и претходно немаат победа во Флоријанополис.

Интересно е што Аваи има доста играчи кои биле членови на гигантот Сантош, а главни карики им се Џони Москера кој играше за Ливорно во Серија А, и Бетао, поранешен фудбалер на Динамо Киев. Имаат и доста млади и неискусни играчи, а данокот на неискуството им е старт на шампионатот без победа во првите пет кола.

Сеара во минатото коло со победа против Гремио ја сопре серијата од три порази и ќе се обиде да забележи нов триумф на терен, каде имаат исклучително лош биланс.

Аваи има три нерешени дуели во пет кола, Сеара нема ниту еден, во последните четири меѓусебни дуели овие две екипи трипати ремизираа, па некако најблиску се до нов мирољубив исход.

Предлог тип: Х (3.00) 

 

ЦСА – Гоијас ( Бразил, 01 часот)

Центро Спортиво Алагоано, или скратено ЦСА е нов бразилски прволигаш, но стартот во елитното натпреварување е скромен. Се уште немаа победа во пет кола, а успеаа да постигнат само еден гол.

За лошиот старт секако има и добра причина, бидејќи играа со три гиганти на бразилскиот фудбал. Загубија од Интернационал, а ремизираа дома со Палмеирас и со Сантош, па сега ќе имаат шанса да ја забележат првата победа како прволигаши.

ЦСА е клуб со 105-годишна историја, а најзначаен успех им е сензационалниот пробив во финалето на некогашниот Конмебол куп во 1999 година, каде загубија од аргентински Талерес. Конмебол купот е претходница на сегашниот Копа Либертадорес, или Лигата на шампионите во Јужна Америка.

И Гоијас се промовираше во нов бразилски прволигаш, а има поголемо реноме во бразилскиот фудбал од ЦСА. Го почнаа шампионатот многу солидно со три победи и два порази и ќе се обидат да ја искористат лошата форма на домаќинот.

Играч број еден им е дефанзивецот Дејвид, кој беше стандарден во Сантош, а се пресели во Гоијас при промоцијата на тимот во Првата Лига.

Кај домаќините дефанзивниот дел е европски, Аподи, Жерсон и Кастањ играа во европски клубови, а најпознат играч им е левиот бек Пабло Армеро кој играше за Удинезе, Наполи, Вест Хем и Милан.

Предлог тип: 1Х&0-2 гола (1.93)

 

Спорт Хуанкајо – Унион Комерсио (Перу, 03 часот)

Спорт Хуанкајо постои само 12 години, а интересно е што само една година по основањето беше победник на националниот куп во Перу.

Подвигот го приредија во 2008 година, а веќе имаат и 7 настапи во двете најзначајни континентални натпреварувања во Јужна Америка. Еднаш играа во Копа Либертадорес и шестпати во Копа Судамерикана.

Главна игла им е најдобриот стрелец Карлос Нојман, а токму тој со два гола го предводеше Хуанкајо до сензационална победа на гости против лидерот Бинационал во минатото коло.

Хунакајо е во серија од пет меча без пораз, најмладиот тим во Лигата Унион Комерсио има само една победа на последните 11 натпревари, па ќе типуваме на триумф на домашната екипа.

Предлог тип: 1&3+ (2.45)

 

 

- Оглас -

Најнови вести