Реванширање за сите пари – Блокотехна преку Гостивар до финалето во Купот

Блокотехна е првиот патник во финалето од Купот на Македонија, откако во пресметката против Гостивар славеше со конечни 92-87. Гевгеличани за првпат сезонава успеаја да триумфираат против екипата од Гостивар, по три последователни порази во македонскиот шампионат.

Гостивар го контролираше резултатот сѐ до последните пет минути од мечот, а падот на концентрацијата ги чинеше пораз во речиси добиен натпревар. Испуштија +12 поени предност, а Блокотехна по вторпат во краток период доби шанса да се бори за пехар, откако стана владетел на БИБЛ лигата.

Пен со 28 поени и осум скока ја предводеше Блокотехна, додека Думиќ со 17 поени беше втор најефикасен играч. Кај поразените, Ефианаи со 20 поени беше најрасположен на паркетот, а 18 поени додаде Сегариќ.

Противникот на Блокотехна ќе се дознае подоцна, во второто полуфинале ќе се сретнат минатогодишните финалисти МЗТ Скопје и Работнички.

- Оглас -

Најнови вести