Револуционерен предлог – фајнал-фор во Лигата на шампионите

УЕФА подготвува нова формула за завршување на европските клупски натпреварувања, Лигата на шампионите и Лига Европа. Планот на европската фудбалска централа е да се пристапи кон одржување на фајнал-дор турнир.

Четирите тима кои ќе стигнат до полуфиналето, би се бореле за трофеите по нов систем, а не како досега во два меча, по еден дома и на гости. Полуфиналето би било едно, исто како и финалето, кое и досега се играше во еден меч. Трите меча (двете полуфиналиња и финалето) би се играле во турскиот град Истанбул, кој треба да биде домаќин на финалето на 30 мај.

Истиот план е и за финалната четворка во Лига Европа. Мечевите ќе се играат во полскиот град Гдањск.

Оваа идеја ќе биде ставена на гласање во вторник, на средбата на која ќе присуствуваат претставници на 55-те асоцијации на УЕФА. На видео-конференцијата, секретарот Џорџо Маркети ќе го претстави планот, но одредувањето на термините може да биде проблем, бидејќи не се знае кога кризата со коронавирусот ќе биде надмината.

- Оглас -

Најнови вести