Режисерот на „Паразит“ би сакал да вечера со Кевин де Бројне

Режисерот на оскаровскиот филм „Паразит“, Бонг Џон Хо, меѓу гостите кои би сакал да ги покани на вечера го наброја и фудбалерот на Манчестер сити, Кевин де Бројне. Корејскиот режисер на филмот кој влезе во историјата како прв неамерикански што добил Оскар за најдобар филм, не крие дека е хомосексуалец.

Тој е љубител на фудбалот и омилен тим му е Манчестер сити и рече дека гостите кои би ги поканил на вечера би јаделе паелја. Де Бројне држи стриктна диета и прашање е дали би му се допаднало шпанското јадење. Во идеалната петорка со која би вечерал, режисерот Џон Хо стави и една девојка, некогашната натпреварувачка во уметничко лизгање, Корејката Јуна Ким.

- Оглас -

Најнови вести