РФМ ќе субвенционира 40 отсто од износот на билетите за мечевите од ЕП на Македонија

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение откри дека ќе им помогне на сите оние навивачи кои сакаат во живо да ги следат натпреварите на женската македонска репрезентација на претстојното Европското првенство. Македонија е домаќин на групата и на 5, 7 и 9 номеври ќе игра во салата „Борис Трајковски“. Со цел салата да биде полна, од РФМ објавија соопштение во кое го објаснуваат нивниот популарен потег. Соопштението ви го пренесуваве во целост.
„Би сакале да ја информираме македонската јавност дека цените на билетите за натпреварите од претстојното Ракометно првенство за жени ЕHF EURO 2022 имаат заштитена цена, која е дефинирана и утврдена од Европската ракометна федерација (ЕХФ) за четирите града во кои ќе се одржува шампионатот: Скопје, Подгорица, Љубљана и Целје. Билетите се поделени во три категории и се продаваат преку мрежата на „Евентим“ (официјалниот партнер на ЕХФ за продажба на билети), а наш национален дистрибутер е агенцијата „МК тикетс“.
Во согласност со барањата на љубителите на ракометот за обезбедување дополнителна пониска ценовна категорија на билети, Ракометната федерација на Македонија по добиеното одобрение од Европската куќа на ракометот, ќе субвенционира 40 % од износот на билетите од категорија 2 и од категорија 3 купени во периодот од 2 до 9 ноември 2022 година преку овластените агенции „Евентим“ и „МК тикетс“.
Попустот на билетите за натпреварите на нашиот национален тим во групата Ц ќе се пресметува од денеска во 11 часот, а средствата за оваа намена ќе бидат обезбедени од спонзорите на РФМ.
Натпреварите против селекциите на Франција, Холандија и на Романија нашите ракометни сениорки ќе ги одиграат во Арената „Борис Трајковски“ на 5, 7 и на 9 ноември со почеток во 18 часот.
Ракометарките се подготвени, а националната арена е целосно опремена според стандардите на ЕХФ за да ги прими љубителите на ракометот од целиот континент. Капацитетот на салата, согласно со стандардите за ова првенство, е максимум 5000 седишта, а досега се продадени околу 2000 билети.
Им благодариме на сите љубители на ракометот и на целата македонска јавност за досегашната поддршка. Навиваме од срце! За кого? За Македонија!!!
Ракометна федерација на Македонија
- Оглас -

Најнови вести