РФМ објави резултати од денешното тестирање на репрезентативците

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација утревечер од 20 часот во „Борис Трајковски“ ја пречекува Финска во првото коло од квалификациите за Европското првенство во 2021 година, а на денешното тестирање сите наши ракометари се негативни на ковид-19 и селекторот Данило Брестовац веќе знае на кого може да смета.

Позитивни тестови од претходно имаа Поповски, Велковски и Танкоски, па на нивно место беа повикани други тројца ракометари.

„Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на ЕХФ ЕУРО 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна Федерација на Македонија ги спроведе последните тестирања за детекција на вирусот COVID–19. Ве информираме дека сите резултати на спроведените тестови на ракометарите и стручниот штаб се НЕГАТИВНИ, воедно селекцијата на Финска го потврди списокот на делегацијата која пристигнува и се со НЕГАТИВНИ тестови“ – објавија од нашата Федерација.

- Оглас -

Најнови вести