Риека избори плејоф двомеч против ПАОК, Велковски не заигра во победата над Хибернијан

Риека ќе се бори против ПАОК за пласман во групната фаза во Лигата на конференции, откако славеше со 4-1 во реваншот против Хибернијан, односно го доби двомечот со 5-2.

Крсте Велковски, македонскиот репрезентативец, повторно остана на клупата за резерви како што беше во претходните квалификациски кола.

Павичиќ со гол во 37-та минута им донесе водство на домаќините, кое го анулира Магенис само 10 минути по стартот на вториот дел. Гостите останаа со играч помалку на теренот по исклучувањето на Мекгрегор на нешто повеќе од 20 минути до крајот, што ѝ овозможи на Риека да стигне до два нови погодоци преку Абас до 73-тата минута, а во самиот финиш од средбата Бусња ги постави убедливите 4-1.

- Оглас -

Најнови вести