Ријад Марез освои пет трофеи, сега и тој е кандидат за „Златната топка“

Фудбалерот на Манчестер сити, алжирскиот репрезентативец Ријад Марез, сезоната ја заврши со дури пет освоени трофеи. Четири пехари освои носејќи го светло-синиот дрес на Сити, а и во зелено-белиот дрес освои многу значаен трофеј.

Марез е единствениот играч на светот кој освои пет титули за помалку од една година. Серијата почна со триумфот на Сити во Комјунити шилд (англиски суперкуп), а со „граѓаните“ ја освои и Премиерлигата и двата купа (ФА куп и Лига куп). Црешата на шлагот беше синоќешниот триумф на Африканскиот куп на нации, титула која Алжирците ја чекаа 29 години.

После сите овие признанија, веројатно и тој ќе биде на листата на кандидати за фудбалер на годината.

- Оглас -

Најнови вести