Риека го ангажира тренерот кој ја измисли формацијата 3-5-2 и за мотивација на играчите им пушта порнофилмови

Италијанецот Серсе Козми е нов тренер на хрватскиот прволигаш Риека, клуб за кој до неодамна настапуваше македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.

Козми има 64 години и дури сега првпат во кариерата ќе работи надвор од својата земја. Познати се неговите необични методи на работа, како на пример: пуштање порнофилмови пред натпревар за мотивација на фудбалерите, па ако победеле, пред следниот меч го повторувал истото.

Козми го водеше Удинезе во Лигата на шампионите, а во родната Перуџа е жива легенда. Во декември 2000 година со Перуџа го победи Милан на „Сан Сиро“, што беше една од најголемите сензации во историјата на Серија А. Уште тогаш Козми ја применуваше формацијата 3-5-2, која сега ја користат многу тренери во Италија и Англија, на пример: Антонио Конте, додека во тоа време сите други играа со 4-4-2.

Во Перуџа ги тренираше Матераци, Зе Марија, Ливерани, Раванели, Гросо, Аморузо, како тренер зад себе има речиси 1.000 меча. Жозе Мурињо за Козми вели дека е како волшебник кој знае многу да извлече од тимови кои се аутсајдери и да победи далеку поголеми и побогати противници.

Една од неговите најлегендарни изјави е дека проблемот кај претседателите на клубовите е што постојано ја гледаат табелата.

- Оглас -

Најнови вести