Рино е топ – Наполи ќе го врзе со нов договор

Наполи планира да му го продолжи договорот на Џенаро Гатузо најмалку до 2022 година, додека пак стратегот очекува да добие една година плус при потписот на новата соработка.

Неговиот актуелен договор истекува по крајот на сезоната 2020/21, управата е задоволна од учинокот на екипата под палката на Рино, па затоа се најавува новата соработка, која би требало да се официјализира пред реваншот со Барселона во Лигата на шампионите, дуел закажан за 7 август.

Откако дојде како замена за Карло Анчелоти, Гатузо успеа да го одведе Наполи до трофејот во Купот на Италија и го врати тимот до топ 6 местата во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести